Советодавната група за политики „Балканот во Европа“ спроведува сеопфатна студија за на геополитиката која се однесува на транзицијата кон зелена енергија во земјите од Западен Балкан. Оваа студија се базира на констатациите содржани во документот „Енергетиката во земјите од Западен Балкан“ (мај 2023 година) и на регионалното истражување за Западен Балкан во чии рамки беше спроведена теренска работа во периодот март-април 2023 година. Главните наоди во оваа студија се засноваат на податоци добиени преку секундарно истражување и полуструктурирани интервјуа кои беа спроведени помеѓу март и јули 2023 година со вкупно девет лица, вклучително и сегашни и поранешни владини претставници, актуелни опозициски политичари, експерти за енергетика и меѓународна безбедност, со поранешен извршен директор на енергетска компанија, како и претставник од Енергетската заедница, со придонес на членовите на BiEPAG Тена Прелец, Димитар Бечев и Николаос Цифакис.