Publication

By Alejandro Esteso Pérez - 24 April , 2024

Триаголник на (не)доверба - Проширувањето и блоговите на Унгарија во однос на Србија и Косово

Триаголник на (не)доверба - Проширувањето и блоговите на Унгарија во однос на Србија и Косово
Триаголник на (не)доверба - Проширувањето и блоговите на Унгарија во однос на Србија и Косово
DOWNLOAD PUBLICATION

Откако повторно дојде на власт во 2010 година, унгарскиот премиер Виктор Орбан буквално ја заврти наопаку домашната политичка и општествена сфера на својата земја. Унгарија го инструментализира своето опструирање во срцето на машинеријата за донесување одлуки на Европската Унија (ЕУ). Во својата потрага по сојузник и со желба за диверзификација на ресурсите, Орбан е повеќеслоен во своите односи со шесте земји од Западен Балкан, меѓу кои Србија несомнено се издвојува како негов омилен партнер. Братските односи на Будимпешта со Белград, најмногу зацврстени благодарение на меѓучовечките врски помеѓу Орбан и српскиот претседател Александар Вучиќ, претставуваат значаен дел од пристапот кој го има Унгарија во однос на проширувањето на ЕУ. Во светлината на ова привилегирано партнерство, сепак, постојат некои загрижености не само во врска со визијата за проширување која ја има Будимпешта, туку и во однос на политичките врски на Унгарија со другите земји во регионот - каде што Косово се издвојува како најкритичен случај.

Унгарија во моментов се наоѓа на триаголен спој меѓу Србија и Косово кој изграден врз премисата дека одржувањето на билатералните односи подеднакво со двете земји може да ги компромитира нејзините добро негувани врски со Белград. За да го избегне ова, Унгарија ќе донесе политика што ќе ги поддржува домашните и меѓународните цели на Србија, дури и ако тоа има негативни импликации за националните интереси на Косово и ако го стави под лупа признавањето на Косово од страна на Унгарија.

Tags:

Scroll